Како ефикасно да се привлечат нови купувачи

645

business-3167295_960_720

Фото: Pixabay

Колку клиентот вреди за вашиот бизнис. Колку може да си дозволите да платите за да стекнете нов клиент? Што се подразбира под аквизиција на купувачи? Ова се едноставни прашања, но многу важни.

Откривањето, како да се здобиете со нови клиенти не е лесна задача. Да се има солидна стратегија за аквизиција на потенцијални купувачи е суштинска компонента на секој бизнис. Еден од најтешките делови е всушност пронаоѓањето на најодржлив канал за привлекување на нови клиенти. Бидејки во спротивно ниеден бизнис не би опстанал.

Привлекувањето на купувачи се однесува на стекнување нови потрошувачи, а стекнувањето на нови клиенти подразбира убедување на потрошувачите да купат производи и/или услуги на компанијата.

Процес на стекнување на купувачи

Првиот чекор од било кој основен план за привлекување на купувачи е да се идентификуваат квалитетни потенцијални клиенти. Една од можните стратегии вклучува допирање до потенцијалните клиенти преку телефони и мејлинг-листи. Овие методи им овозможуваат на компаниите да одредат кои поединци и бизниси покажуваат интерес или веќе користат производи слични на оние на вашата компанија. Следно, компаниите ги квалификуваат клиентите  и со користење на разни истражувачки методи. Ако можете да стекнете нов клиент, тогаш се интензивира понатамошната интеракција.

dr-gilbert_ceedmacedonia

Многу програми за стекнување на клиенти, вклучуваат и обид за идентификување на нивните потреби и одредување на тоа како понудените производи се однесуваат на тие потреби. Продавачите, исто така, се обидуваат да ги идентификуваат неискажаните потреби,тие се базираат на податоци обезбедени од тековните разговори и интеракции. Малопродавачите исто така можат да ги идентификуваат и дополнителните потреби и да понудат дополнителни производи, па потенцијалниот купувач гледа поголема вредност од купувањето на производите што веќе ги разгледуваат.

Колку чини еден купувач?

Последното нешто што компанијата сака да го направи е да потроши повеќе за привлекување на клиенти отколку што би потрошиле купувачите. Во најпростиот облик, тоа се одредува со делење на вкупните трошоци со вкупните нови клиенти, во одреден временски период. Компаниите и организациите треба да добијат поврат на инвестицијата од маркетинг и продажни кампањи насочени кон стекнување на нови купувачи.

Предности од стекнување нови купувачи

Користењето на соодветни стратегии за купување на купувачи им помага на компаниите да растат, а програмите за стекнување на купувачи им помагаат на компаниите да ги стекнат вистинските клиенти на ефективен начин. Новите компании или оние со помалку познати производи, треба да стават поголем фокус на нови купувачи. Како што компаниите созреваат, тие можат да го префрлат својот фокус на задржување на клиентите. Важно е да се има предвид дека трошоците за стекнување на клиенти често се повисоки од трошоците за задржување на клиентите и затоа бараат темелна анализа на придобивките. Придобивките од стекнувањето, исто така, треба да бидат целосно квантифицирани, со цел компаниите точно да ја проценат релативната вредност на нивниот процес на стекнување на купувачи. За основаните компании да растат најефикасно, треба да најдат начини за привлекување, задоволување и задржување на клиенти.