Алкалоид со 10% поголема продажба и 143 нови вработувања

48

alkaloidФото: Алкалоид

Алкалоид постигна раст на консолидираните продажби од 10%, раст на консолидираната нето добивка од 11%, инвестиции во износ од 861,4 милиони денари и 143 нови вработувања во периодот јануари – декември 2017-та, се вели во соопштението од компанијата.

Во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби достигнале 9.094.716.094 денари, што е за 10% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 5%, додека вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 13%. Од вкупните консолидирани продажби, 38% се остварени на домашен пазар, додека 62% се остварени на странски пазари.

Гледано по региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 33%, во Русија и другите земји од ЗНД се остварени 7%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20% и на останатите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби. Најзабележителен раст е остварен во Велика Британија со продажби од 202.665.540 денари што претставува зголемување за 13 пати и Унгарија со продажби од 31.452.936 денари што претставува зголемување за 3,5 пати споредено со истиот период од минатата година. Кај извозните пазари пораст бележат и следните земји: Романија раст од 60%, Чешка раст од 22%, Полска раст од 65%, Словенија раст од 12%, Хрватска раст од 13%, Русија раст од 17%, Украина раст од 208% итн.

Гледано по групи на производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби, најголемо учество заземаат производите од сегментот Фармација и тоа 85%. Од нив поголем удел имаат ОТЦ препаратите со 21%, Кардиолошките препарати со 16%, Антибиотиците со 14%, Невролошките препарати заземаат 13% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот Хемија, Козметика и Билкарство учествува со 15% во вкупните консолидирани продажби или поточно Хемија учествува со 3%, Козметика со 9% и Билкарство учествува со 3%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2017 година изнесуваат 861.420.437 денари. Во периодот јануари – декември 2017 година во Алкалоид се реализирани 143 нови вработувања.