Фото: Uber
Многу луѓе ги пропуштаат состаноците на лекар поради недостиг на сигурен транспорт. Токму затоа Uber воведе нова услуга што ќе им помогне на старите и изнемоштени лица и на сите оние што треба да стигнат до посакуваната дестинација.
Uber Health е платформа што може да ја користат давателите на здравствени услуги за да организираат и да управуваат со транспортот на своите пациенти. Ова значи резервација на патувањата на пациентите и персоналот до 30 дена однапред и способност да планираат неколку возења одеднаш, нешто што може да биде во корист при организирање на понатамошни прегледи. Олеснителна околност е тоа што корисниците не мора да имаа апликација од Uber – закажувањата на транспортот се прават преку СМС порака.
Uber вели дека 100 здравствени организации низ САД, како што се болниците, центрите за рехабилитација и установи за згрижување, веќе користат бета верзија на Uber Health, а сега технологијата е подготвена за ширење и во други земји.