Полицијата во Санкт Петербург ги претресе куќата и канцеларијата на Павел Дуров, 28-годишен основач на најпопуларната руска социјална мрежа ВКонтакте.
Причината за претресот е, како што велат од полицијата, инцидент во кој возач, наводно Дуров, ја игнорирал наредбата да застане и повредил сообраќаец, пренесува BBC.
Дуров отфрла секаква вмешаност во инцидентот, а неговиот портпарол изјави дека тој воопшто и нема автомобил.
Досега не е поднесено обвинение и истрагата продолжува.
ВКонтакте е основана во 2006 година и е многу попопуларна социјална мрежа во Русија од Фејсбук, со околу 200 милиони корисници.
Павел Дуров, кого често го споредуваат со Марк Цукерберг, многу ретко се појавува во јавноста, со која преферира да комуницира преку постирање пораки на сајтот.