Македонски креативци со свои производи на изложбата Design and Wine во CEED Hub Скопје

64

28377594_1532851696783150_6167278998435434757_n

Изминатиов викенд (3-ти и 4-ти март) во новите простории на CEED Hub Скопје, кај Машински факултет, се одржа изложба на тема Design and Wine каде учесниците претставуваа, промовираа и продаваа свои креации.

1Македонски дизајнери, креативци и учесници во пред-акцелераторската програма на дизајнери на CEED Hub ги изложија своите уникатни решенија како: рачно изработени честитки, кожни производи, парчиња мебел, креативни детски дрвени предмети, домашна органска козметика, рециклирана дизајнерска облека, платнени и волнени чанти, накит и друго.

6

Во рамки на Design and Wine се одржа и работилница, во којашто дечињата имаа прилика да се запознаат со процесот на боење и декорирање на дрвени предмети.

3

Дел од учесниците кои ги преставија своите креативни решенија беа: Арт студио С, МАкедонскаМушичКА Millow, Студио Ѓердан, Една прави, Мали нешта, МамаОргана, WOW BOX, Ан арт, Wool art, Фабрика 13, Huggable dolls други.

4

Изложбата Design & Wine произлезе како иницијатива од група креатори кои беа дел од пред-акцелераторската програма на CEED Hub Скопје, поддржана од ИМЕ Програмата на Швајцарската амбасада.

7

10

8

9

5

11

12

13

14

15