Дизелот и бензините повторно ќе поскапат од полноќ

38

benzinskaФото: Pixabay

Според соопштението на Регулаторната комисија за енергетика од полноќ, ЕУРОСУПЕР БС98 ќе се продава за половина денар поскапо и ќе чини 67,5 денари. Цената на ЕРУОСУПЕР БС 95 не се менува и тој и натаму ќе се продава за 65,5 денари за еден литар.

За 1 денар од полноќ поскап ќе биде и дизелот. Неговата нова цена ќе изнесува 58 денари за литар. Паралелно, се зголемуваат и цените на мазутот и екстра лесното масло за домаќинство.

Според Регулаторната комисија за енергетика, ваквото зголемување на цената на дизелот и бензините се должи на за 2,2% повисоката цена на нафтата и за 0,04% понизок курс на денарот во однос на доларот.