ЛУКОИЛ Македонија во Трубарево, општина Гази Баба ја отвори 28-та по ред бензинска станица во Македонија, а осма по ред во Скопје.
На површина од 3.000 м2 бензинската станица e изградена во новиот корпоративен стил на компанијата. Таа се наоѓа ул.1, бр.111, Трубарево, Гази Баба во Скопје, и во нејзини рамки има 11 вработени. Комплексот е повеќенаменски и покрај висококвалитетните еколошки ЕКТО горива како содржини на своите потрошувачи ќе им понуди: маркет, паркинг за лесни и тешки моторни возила, wi-fi и други поволности. Во кругот на бензинската станица се наоѓа центар за технички преглед на возила и филијала на банка.
На отворањето присуствуваа и имаа свои обраќања: ко-претседател на Меѓувладината македонско-руска комисија за трговско-економска и научно-техничка соработка меѓу Република Македонија и Руската Федерација Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во Владата на Република Македонија Љупчо Николовски, Министерот за Транспорт и врски г-динот Горан Сугарески, рускиот амабасадор г-динот Олег Шчербаг и регионалниот управител на ЛУКОИЛ за Македонија г-динот Андреј Куку.
“Горди сме што успеавме да ја отвориме 28 бензинска станица и да му обезбедиме на локалното население најефикасна и најквалитетна услуга. Оваа бензинска станица како и останатите ги следи светските трендови, новите критериуми и нуди висококвалитетни горива и ниво на услуги за да им овозможиме врвно искуство на нашите потрошувачи “, изјави Андреј М. Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.
На новата бензинска станица потрошувачите ќе можат да се снабдат со брендираното гориво ЕКТО од ЛУКОИЛ, најефикасно гориво на македонскиот пазар кое ја зголемува моќноста на моторот што му овозможува на возилото побрз старт и намалена потрошувачка на гориво, можат да користат услуги на банката и технички прегледи, масла од палетата на ЛУКОИЛ, широк спектар на дополнителен асортиман како и високо-професионални услуги од персоналот.
Компанијата ЛУКОИЛ Македонија е присутна на македонскиот пазар веќе тринаесет години и е една од 10 најголеми странски инвеститори во земјава.