До аеродромот во Осло ќе се гради “Град на иднината”

40

oslo-cityФото: OAC

Нордиски архитекти објавија дека ќе изградат еколошки одржлив град што сам ќе си произведува енергија и ќе користи електрични возила без возачи, пишува Dezeen.

Локацијата на новиот град што ќе се простира на површина од 370 хектари ќе биде веднаш до аеродомот во Осло, по што ќе биде дадено и неговото име – ОАС. Еколошки обновливиот град ќе функционира само со извори на енергија што самиот ќе ги произведува, а вишокот енергија ќе го продава во околните градови или ќе го користи како гориво за авиони.

OAC ќе има електрични возила, а архитектите ветуваат дека на жителите нема им да бидат потребни повеќе од пет минути да стигнат до јавниот превоз. Ќе бидат искористени современи еколошки методи за да се одржат емисиите на јаглерод во градот што е можно пониски, вклучувајќи ги и автомобилите без возачи, автоматското осветлување на улиците и зградите, управувањето со отпад и безбедноста.

Почетокот на градежните работи на првата фаза од градот се очекува да биде кон крајот на 2019 година, а првите објекти ќе бидат завршени до 2022 година.