Фото: Pexels
Прометот во трговијата на мало за 2017 година номинално бележи пораст, особено во групите/класите: Трговија на мало со непрехранбени производи, освен горива, Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун и Трговија на мало, освен горива , додека реално прометот во трговијата на мало бележи опаѓање во групата/класа Трговија на мало со моторни горива, стои во соопштението на Државниот завод за статистика.
Индикаторите за промет во трговијата го мерат прометот во трговијата на големо и во трговијата на мало, и тоа во форма на номинални и реални (ценовно приспособени) индекси, а не во апсолутни износи.
Поради тоа, индикаторите служат исклучиво за следење на динамиката (развојот), а не за оценка на нивото на прометот. Податоците што се објавуваат се дефинитивни податоци пресметани врз база на 2010 година (базна година) и во споредба со истиот месец од претходната година. Пресметаните индекси не се приспособени (сезонски, календарски и по работни денови).