Nanowood – нов термички изолатор што ја задржува топлината

115

autumn-2902532_960_720

Фото: Pixabay

Научници од истражувачката лабораторија при универзитеот во Мериленд, САД развија нов вид на материјал за изолација, којшто истовремено е евтин, силен и еколошки. Наречен е Nanowood и е подобар изолатор од стиропорот и повеќето други термички изолатори на пазарот.

За да го добијат материјалот, истражувачите од дрвото ги одземале двете негови природни компоненти – лигнинот, што го прави кафеаво и цврсто, и хемицелулозата.Тоа го направило дрвото бело и помалку способно да ослободува топлина. Така се добил новиот материјал Nanowood којшто има одлични изолаторски својства.

Освен тоа новиот производ е многу посилен од стиропорот и не предизвикува иритации на дишните патишта како влакната од стаклената волна.

Тимот научници тврди дека еден метар квадратен Nanowood може да се произведе за само 7,4 долари, лесно се витка во ролна, дебел е само еден милиметар и што е најважно е биоразградлив.