Започна проектот IMcert финансиран од европскиот фонд Хоризонт 2020

59

construction-1510561_960_720

Фото: Pixabay

Конзорицум од шест европски инстиути, од кои еден е Институт за истражувања во животна средина, градежниот сектор и енергетиката (ИЕГЕ)  од Скопје, доби грант од програмата Хоризонт 2020 во износ од 1.25 милиони евра, за развивање на програма за обуки во градежниот секотр, BIMcert. Конзорциумот е предводен од организации од Северна Ирска – Белфаст Мет Колеџот и Одборот за обуки во градежната инсдустрија, во партнерство со Технолошкиот институт од Даблин.

Building Information Modelling  претставува современ професионален софтвер наменет за примена во градежниот сектор, со којшто се овозможува формирање на информациски модел на градбата.

BIM станува клучна потреба во окружувањето во кое сите релевантни информации треба да се креираат и менаџираат во животниот циклус на градбата и каде што технологијата која овозможува  дигитална и виртуелна реалност може да се искористи за обезбедување на информации за секој аспект на проектот.  Се повеќе земји во светот го воведуваат BIM како задолжителна техника на проектирање и изведба на градежните проекти, со особено нагласена задолжителнист во фазата на тендери и јавни набавки.

Партнерите што работат на BIMCert со добиените средства за истражување ќе развијат комплет на професионални обуки и материјали, наменети за сите струки и профили во градежништвото, коишто ќе се користат за подобрување на пристапот кон информативното моделирање на градбите, со цел нивно одржливо проектирање и користење.

ИЕГЕ  е прва институција во Македонија, акредитирана за професионално продолжено образование, којашто успеа да обезбеди воведување на оваа технологија на иднината во градежниот сектор во земјата и регионот, преку иновативен проект финансиран од престижниот фонд европкси фонд Хорзонт 2020.

Проектот BIMcert ќе развие комбиниран и комплетен сет на наставни програми и материјали, за примена на BIM во сите сектори и струки во градежниот сектор – високоградбата, и ќе развие европски прифатена сертификациона шема,  што ќе овозможи подобрување на размената на информации и соработката на комапнии во различни географски средини, како и поголема мобилност на квалификувана работна сила во градежниот сектор.

Проектот BIMcert ќе развие иновативни методи за примена на обуката за BIM за сите учесници во високоградбата.Резултатите од проектот ќе може веднаш да се применат во градежната индустрија.

Проектот особено ќе се фокусира на пристапите на BIM кон проектирање на еколошки и енергетски пасивни градби,со што ќе придонесе кон подобрувањето на енергетската ефикасност.

Водечкиот експерт за BIM во ЕУ, д-р Џејмс Харти од Школата за дизајн и технологија на Копенхаген на церемонијата на свешено обележување на почетокот на проектот, изјави: „ BIM сменува сѐ. Сѐ повеќе, репутацијата ќе се заснова на учинок.Ако не можеш да го измериш, не можеш да се справиш со него.BIM ги обезбедува алатките од дигиталната технологија за калибрирање и мониторинг на учинокот во животниот циклус на градбата.“

Во обраќањето на настанот за почеток на проектот BIMcert, Амандин Де Костер – Лакурт, Проектен советник од Извршната агенција за мали и средни претпријатија, изјави „На Европа ѝ е потребна квалификувана работна сила и градежни порфесионалци за да ги претворат во реалност градбите со нулта-енергија и можностите за ретрофит (подобрување на енергетската ефикасност на постојни објекти).Продолжуваме активно да поддржуваме ваков тип на активности во рамките на Хоризонт 2020 и позитивно е што проектите каков што е BIMcert сега го поставуваат Моделирањето на градежните информации во центарот на распоредот на обуки“.

Директорката на иновации, истражување и развој на Invest NI, д-р Вики Кел, рече: „Инвестирањето во иновативност, истражување и развој е клучно за придвижуваање на економскиот раст,а Хоризонт 2020 е важен извор на средства за бизнисите во Северна Ирска.Преку Мрежата на претпријатија во Европа бевме во можност да воспоставиме контакт помеѓу Белфаст Мет со партнерот од Македонија.Исто така обезбедивме поддршка при аплицирањето за средствата и заеднички со другите пет партнери, групата успешно обезбеди грант од Хоризонт 2020 во износ од 1.25 милиони евра.Овој проект ќе развие сет од наставни програми и материјали што ќепомогне во подобрувањето на конкурентноста на градежната индустрија.“

„Силната страна на овој проект ќе биде во партнерството помеѓу оние што ќе ги користат алатките – индустријата, и оние што се експерти за нивен развој – академијата.Примарната цел на BIMcert ќе биде да изгради комплет од алатки за обука коишто ќе им помогнат на сите професионалци во индустријата во Европа да го преземат нивниот прв или следен чекор кон развивање на енергетски поефикасни објекти преку соработка во рамките на BIM.Бери Нилсон, Извршен Директор на Одбор за обуки во градежната индустрија, Северна Ирска

Со овој проект, ИЕГЕ Скопје го потврдува концептот на својата поставеност на интерактор и катализатор на врските меѓу академското и професионалното образование, односно, постојан развој на знаења и вештини според потребите на индустријата и во склад со најновите технолошки достигнувања.

  • Партнери во проектот BIMcert се:
  1. Belfast Metropolitan College – Northern Ireland (BMET) ВОДЕЧКИ ПАРТНЕР
  2. Instituto Superior Tecnico – Portugal (IST)
  3. Инситут за истражување во животна средина,градежништво и енергетика – Р. Македонија
  4. Energy Institute Hrvoje Pozar Croatia (EIHP)
  5. Future Analytics Consulting – Ireland (FAC)
  6. Construction Industry Training Board – Northern Ireland (CITB)
  7. Dublin Institute of Technology – Ireland (DIT)
  • Технички совет на проектот
  1. BRE
  2. Copenhagen School Of Design
  3. European Construction Technology Platform
  4. CITA
  • Совет на придружни партнери од индустријата:
  1. Комора на овластени архитекти и инженери на Македонија
  2. Градежни компании:
    1. Creagh Concrete –
    2. O’Hare & McGovern-
    3. Енергопројект ЕНТЕЛ, Белград
  3. Компании од синџирот за снабдување;
  4. Компании за машинство и електрика
  5. Производители на софтвер
  6. Енергетски компании

Цели на проектот BIMcert

  1. Развој на поефикасна и релевантна програма за обука заради интегрирање на концептите на одржливост и обновливи ресурси заедено со практична примена и интегрирање со технологијата (BIM)
  2. Подобрување на процесите за новите работници што треба да користат или да го достигнат нивото на развој во технологијата на BIM во градежниот сектор.
  3. Креирање на BIMCert квалификација и придружен материјал што ќе може да се имплементира во цела Европа.
  4. Подобрување на изграденото опкружување преку одржливо проектирање што се подобрува со користењето на алатките за моделирање на BIM.