Слаткар од Португалија ја креираше најскапата чоколада во светот

88

29261376_991337771018026_94418487700591271_n

Фото: Facebook

Слаткарот Даниел Гомез од Португалија постави нов рекорд на Најскапа чоколада во светот. Неговото дело моментално е изложено на саемот за чоколади во Обидос, Португалија, пренесува Reuters.

Лимитираната колекција содржи 1.000 бонбони по цена од 7.728 евра од парче. Секој од нив е прелиен со злато што се јаде, а го чуваат двајца чувари. Бонбоните покрај чоколада, во себе содржат и шафран, бели тартуфи и ванила од Мадагаскар.

Чоколадата во облик на дијамант, го скрши претходниот рекорд што го држеше данецот Фриц Книпшилд со својот чоколаден тартуф од 250 долари.

Кутијата во којашто се наоѓаат чоколадните бонбони има облик на круна и е украсена со 5.500 Swarovski кристали.