Siemens ја отвора најголемата фабрика за 3D печатење во Велика Британија

70

printer-2416269_960_720

Фото: Pixabay

Siemens ќе вложи 27 милиони фунти за отворање на најголемата британска фабрика за 3D печатење, за чиешто седиште е избран Ворчестер, пренесува Independent.

Германскиот индустриски гигант ќе инвестира преку Materials Solutions, компанија што ја купи во 2016 година, а отворањето на новата фабриката во септември, ќе вклучува и 55 нови работни места.

Materials Solutions e специјализирана во 3D печатење за потребите на воздухопловството и автомобилската индустрија.

Siemens има за цел новата фабрика да стане “глобален центар“ во којшто ќе работат инженери од врвна класа, металурзи и специјалисти за производство.

Инвестицијата на Siemens, исто така, ќе придонесе компанијата да го зголеми своето портфолио на 3D печатарски машини од 15 на 50 во текот на следните пет години.