Најбогатиот човек од Литванија ќе гради четири хотели во Романија

64

architecture-3126620_960_720

Фото: Pixabay

Група на литвански инвеститори, вклучувајќи го и Неријус Нувавиус, најбогат човек во земјата, ќе инвестира во развојот на четири нови хотели во романскиот главен град Букурешт, пишува Romania Insider.

Инвестициите ќе бидат реализирани од страна на Appex Alliance, компанија за управување со хотели на чие чело е Арунас Белеска, поранешен сопственик на синџирот на хотели Europa.

Четирите хотели, коишто вкупно ќе имаат повеќе од 1.000 соби, ќе бидат завршени до 2022 година, а ќе бидат управувани од страна на Marriot и Hilton Worldwide.