ЕУ предлага данок за Facebook, Google и други технолошки компании

53

facebook

Фото: Pixabay

Европската комисија предложи Facebook, Google, Amazon и други дигиталнии компании кои немаат физичко присуство во Европа да бидат оданочувани, објави Business Insider.

Комисијата дала два прелдога коишто треба да се разгледаат и одобрат од Европскиот парламент, а надлежните треба деновиве да излезат со свое конечно мислење.

Брисел планира да го оданочи приходот на одредени дигитални активности на технолошките гиганти. Tоа значи дека овој данок би се применил на активности како што се продажбата на рекламен простор, продажбата на податоци на корисниците или други дигитални активности кои ја олеснуваат размената на добра и услуги помеѓу корисниците.

Од Европската комисија процениле дека со даночна стапка од 3% би се генерирале околу пет милијарди евра приход за земјите членки. Таргетирани се компаниите со годишен глобален приход од над 750 милиони евра или европски приход од 50 милиони евра.

Вториот предлог е да се оданочи профитот на овие фирми во земјите каде исполнуваат еден од следните три услови, над седум милиони годишен приход во земја членка на ЕУ, над 100.000 корисници во една земја членка или над 3.000 деловни договори за дигитални услуги помеѓу компанијата и бизнис корисниците.

Проценето е дека оданочувани би биле 150 компании.

Половина од засегнатите компании со овој даночен план се американски, а третина европски.