Австриската Supernova купи четири трговски центри во Хрватска

44

city-3223241_960_720

Тема: Pixabay

Австриската групација Supernova презеде четири трговски објекти  во Хрватска – центарот Каптол, цантарот Бранимир, Цветниот центар во Загреб и Сити Колосеум во Славонски брод.

Вредноста за којашто се купени четирите објекти не е позната, пишува Jutarnji. Досега групацијата има инвестирано во Хрватска околу 400 милиони евра.

Supernova планира да ја зголеми површината на постоечките објекти проширувајќи ја квадратурата за шопинг на 260.000 метри квадратни.

Групацијата со новиот проект ќе креира нови бизнис модели, а со новите аквизиции во моментов брои 14 оперативни проекти во Хрватска каде вработува вкупно 6.470 луѓе.