Microsoft се приклучува на глобалната иницијатива за чистење Let´s Do It!

40

taustapilt2-0

Фото: Let’s Do It!

Microsoft се приклучи на глобалното движење Let’s Do It! World коешто ќе организира акција за чистење на отпад на 15 септември годинава, објави компанијата .

Целта на акцијата е првенствено да се мапира отпадот низ целиот свет, со помош на информации од сите страни до коишто ќе се доаѓа со помош на новите технолошки платформи и решенија како што е Azure. Откако отпадот ќе се детектира, ќе се реализира конечната акција за негово подигање, односно расчистување на локациите.

Базата на податоци којашто ќе се создаде при акцијата ќе биде од големо значење, бидејќи хигиената во животната средина значително влијае на квалитетот на животот. Истовремено, таа да може да придонесе во системот за рециклирање на отпад.

Акцијата Let’s Do It! World е граѓанско движење, формирано во 2008 година во Естонија, кога 50.000 луѓе се обединиле и пет часа чистеле по јавни површини ширум светот. Здружението сега брои 20 милиони подржувачи.