Nestlé произведе чоколадо со 30% помалку шеќер

87

milkybar-wowsomes-feed

Фото: Nestlé

Nestlé успеа да произведе чоколадо коешто содржи 30% помалку шеќер од останатите слични производи на компанијата што е еден чекор напред кон поздрава исхрана.

Nestlé успеа да го постигне ова преку реструктуирање на шеќерот врз основа на научни методи, со што го доби новото бело чоколадо наречено Milkybar Wowsomes, се вели во соопштението на компанијата.

Ова чоколадо моментално се произведува само во фабриката во Далстон, Англија. Производот доаѓа откако владата на Велика Британија инсистираше за намалување на дозата на шеќер во производите од прехранбената индустрија со цел да се дејствува на здравјето на децата.

Веќе наредната година се очекува ваквото производство да биде проширено низ повеќе фабрики и да се зголеми бројот на видови чоколадо во коишто ќе има 30% помалку шеќер.

Во 2017 година, млекото стана број еден состојка во рецептите на Nestlé . Сега во 2018 година со лансирањето на Milkybar Wowsomes, брендот нуди нова алтернатива со 30% помалку шеќер.