Жителите на БиХ, Црна Гора и Хрватска купуваат со картичка што мириса на јагода

59

addiko-201707-13134-cg-kartica-85_7x54-private-debit-web1-315x500

Фото: Addiko Bank

Addiko Bank од неодамна за своите клиенти во Босна и Херцеговина и Црна Гора, а од пред три дена и за оние во Србија ја промовираше првата бесконтактна дебитна картичка со мирис на јагода, објави bankar.me.

“Плаќајте, купувајте со стил и мирис“ е мотото на банката на новата промовирана картичка. Таа има оригинален вертикален дизајн и единствена стилска иновација, а тоа е аромата, мирисот на јагода.

Опремена е со современа бесконтактна платежна технологија којашто на корисниците им овозможува да вршат плаќања со едноставно допирање на картичката до бесконтактен читач на каса, по што за само неколку секунди читачот враќа светлосен и звучен сигнал дека трансакцијата е извршена.

Во случај на местото каде се врши трансакцијата да нема читач за бесконтактна картичка, плаќањето може да се изврши и на стандарден начин, со провлекување на картичката и авторизација со ПИН или потпис.