Drumi – машина за перење што работи без електрична енергија

54

Фото: Yirego

Drumi на Yirego е машина за перење на којашто не ѝ треба електрична енергија, односно функционира со притискање на педала. Уредот користи 6 до 12 литри вода за едно перење и може да испере 2,2 килограми облека, пренесува Inhabitat.

Машината е лесна и може да се носи со една рака. Облеката се пере за пет минути, а потребни се само 30 секунди за сушење. Drumi е наменета за луѓе кои живеат надвор од урбаните средини или во мобилни домови.

Овој иновативен производ е дело на компанија со седишта во Торонто, Канада. Моментално може да се порача 299 долари, во сребрена или зелена боја на веб-сајтот на Yirego.

Првите испораки се очекуваат ова лето.