Старт-ап камп и презентација на бизнис идеи во рамки на Дигиталниот самит за Западен Балкан

55
На 18 и 19-ти Април во рамки на Дигиталниот самит за Западен Балкан ќе се оддржи German Cooperation Startup Camp каде што во неформална атмосфера, стартапите и компаниите учесници на самитот ќе имаат можност да разменат идеи и искуства, присуствуваат на инспиративни говори, презентираат своите иновативни продукти и услуги, работат на предизвици од дигиталната економија и бидат обучени од страна на претприемачи за тоа како најдобро да ги претстават своите идеи и работат со инвеститори.
Во рамки на Старт-ап кампот во вториот ден од самитот ќе се оддржи Pitching Competition каде што присутните стартапи и компании ќе ја претстават својата бизнис идеја пред експерти од сферата на претприемништвото.
Pitching Competition е отворен за јавноста и ќе се оддржи во ЕКСПО салата (во Спортскиот центар Борис Трајковски, главната сала) со почеток од 09:30 часот.

Повеќе детали за German Cooperation Startup Camp можете да пронајдете на: https://digitalsummitwb6.com/startup-camp/