Промоција на Програмата за финансирање на зелената економија (GEFF) во Македонија

180

Европската Банка за Обнова и Развој ЕБОР започнува со финансирање на домаќинствата преку Програмата за финансирање на енергетска ефикасност (Green energy efficiency financing facility-GEFF), којашто ќе обезбеди финансирање за подобрувањето на енергетската ефикасност во домовите.

Церемонијата за промоција на GEFF ќе се одржи утре 24-ти април во Хотел Александар Палас.

Охридска банка Сосиете Женерал и Шпаркасе банка Македонија потпишаа договор со ЕБОР, со што станаа првите локални банки, коишто ќе пласираат кредитни линии во вкупен износ од €4 милиони (по €2 милиони секоја), наменета за натамошно кредитирање на домаќинствата.

Дополнителни €4 милиони  е планирано да се пласираат преку други локални банки. Овие инвестиции ќе им помогнат на домаќинствата да бидат на повисоко ниво на енергетска ефикасност, ќе ги намалат нивните емисии на гасови и ќе го подобрат нивниот животен стандард. GEFF програмата за Македонија е дел од програмата за Западен Балкан во износ од €85 милиони.

На настанот ќе се обратат Анка Јоана Јонеску, Претставник на ЕБОР во Македонија, Никола Бертолини, Раководител на одделот за соработка, Кочо Анѓушев, Заменик на Претседателот на Владата на Република
Македонијa,  Виолета Когалничеану, Раководител на Одделение за инфраструктура и
енергетска ефикасност, Вероника Шпацапан, Главен банкар од ЕБОР и претставници од Охридска банка и Шпаркасе банка.