Адора додели ваучери на среќните добитници кои ќе заминат во Рим

50

“Најмногу љубов и уживање на m², во новиот дом и во вечниот град Рим“ е слоганот под којшто 12 купувачи на стан од Адора инженеринг, за првомајскиот продолжен викенд ќе го посетат Рим, што е подарок од компанијата за купен стан во февруари, по повод празникот на вљубените.

“Постојаната грижа за купувачите е дел од корпоративната култура на градежниот бренд што 15 години го реализира концептот Адора секогаш Ви нуди повеќе од дом, возвраќајќи им за подарената доверба. Најважна состојка во секој дом е љубовта и поради тоа нашата цел беше покрај среќата со купувањето на новиот дом, на купувачите да им подариме моменти на уживање, хармонија и љубов во една од најубавите туристички дестинации во светот, вечниот град Рим“, изјави Душко Чифлиганец, заменик генерален директор во Адора инженеринг, при предавањето на ваучерите за Рим на добитниците на подарокот.

“Адора инженеринг ја избрав зошто го сакам најдоброто за моето семејство. Oваа компанија е најдобра во градежниот бизнис, гради сеизмички стабилни станови и вградува градежни материјали со најдобар квалитет, а изборот на објектот Адора Flatiron Скопје е затоа што таа е најубавата зграда во Македонија. Подареното патување беше големо, неочекувано и пријатно изненадување за нас. По уредувањето на новиот дом, ќе се одмориме, ќе прошетаме и ќе уживаме во Рим, каде водат сите патишта, па и нашите“, вели Сашо Јанев, еден од наградените купувачи, кои својата доверба при изборот на нов дом ѝ ја дале на Адора.

Од компанијата велат дека заедно со континуираното усовршување во изградбата на квалитетни објекти по светски стандарди, со ексклузивен стил и дизајн, продолжуваат со интересни изненадувања за купувачите, кои од овој градежен бренд со купениот дом секогаш добиваат дополнителна вредност и среќа.

Видеото од доделувањето на ваучетите за Рим на купувачите во Адора инженеринг, погледнете го на овој линк.