Германските власти го казнија Google со 145.000 евра поради неовластено собирање на големи количини лични податоци на корисниците со помош на своите street view возила.
Утврдено е дека специјално опремените возила на Google кои правеле снимки на градовите меѓу 2008 и 2010 година, незаконски собрале информации од домашните безжични мрежи на граѓаните, соопшти германската канцеларија за заштита на податоци во Хамбург. Додека минувале со возилата по улиците, недозволено собирале и фрагменти од лични мејлови, фотографии и други дигитални податоци од Wi-Fi рутерите во Германија.
Сумата од 145.000 евра со која е казнет, Google ја заработува за една минута и десет секунди.