НЛБ Банка со известување за реновирање на eкспозитура

51

НЛБ Банка ги информира своите корисници дека во периодот од 09.05.2018 до 12.05.2018 година ќе се реновира деловниот простор на експозитурата Карпош 3.

Во периодот од 09.05.2018 (среда) до 11.05.2018 (петок), експозитурата ќе работи со скратено работно време од 08:00 до 16:00 часот, а клиентите ќе можат да реализираат само безготовински трансакции, како и да ги користат услугите лично банкарство, кредитирање и кредитни картички. Благајните за готовински трансакции нема да работат.

На 12.05.2018 (сабота) експозитурата нема да работи.

Банката потсетува дека на располагање се секогаш електронското банкарство НЛБ Клик и мобилното банкарство НЛБ мКлик, како и Контакт центарот 02/ 15 600.