Србија сега може да повлече 10 милиони евра годишно од претпристапните фондови на Европската унија за областа земјоделие и развој на селата, изјави државниот секретар на министерството за земјоделие, Данило Голубовиќ.
“Нашите можности за користење на претпристапните фондови за земјоделие и рурален развој се далеку помали од претходно очекуваните”, изјави министерот, потсетувајќи дека политичарите порано најавувале дека Србија може да добие 30 до 40 милиони евра.
Голубовиќ предупреди дека Србија мора да биде внимателна при одредувањето на висината на средствата што може да ги добие од претпристапните фондови, затоа што искуствата на земјите од регионот покажаа дека се што не беше потрошено затоа што немаше проекти, мораше да се враќа од буџетот.