Фото: Pixabay
Кина досега има инвестирано околу 600 милиони евра во Србија, а се очекува трендот на пораст на инвестициите да продолжи во просек со нови 160-200 милиони евра годишно, пишува порталот SEEbiz.
Со тоа Кина успеа да ја помине Русија на листата на најголеми инвеститори во Србија, искачувајќи се на шестото место со вложени 177,3 милиони евра за една година.
Кинеските компании се повеќе се интересираат за сопственички вложувања во српските претпријатија и нивна докапитализација, а според информациите од Еконосмкиот Институт во Белград, актуелните проекти со Кина се вредни околу три милијарди евра и очекувањата се дека Кина наскоро ќе биде меѓу првите три најголеми инвеститори во Србија.
Кинеската економија во претходната деценија има постојан раст од 7-8% на годишно ниво. Минатата година Кина имаше надворешнотрговска размена со балканот од 0,32%, а со 16 земји од Централна и Источна Европа. 1,77%.