Generali ја купува Adriatic Slovenica за 245 милиони евра

49

Фото: Facebook
Италијанскиот осигурителен гигант Generali и официјално ја презема словенечка Adriatic Slovenica, пишува SeeBiz.
Зделката е вредна 245 милиони евра, а за влегувањето на Generali се чека уште регулаторна дозвола, како и формално одобрение од акционерското собрание на KD Group, којшто е продавач во случајот. Преземањето се очекува да се реализира најдоцна во втората половина од годината.
Со преземањето на Adriatic Slovenica, Generali ќе стане втора најголема осигурителна  компанија во Словенија, поминувајќи ја Sava и позиционирајќи се веднаш зад Triglav. Така, првите две најголеми компании на словенечкиот пазар заедно ќе држат 19% од севкупниот осигурителен бизнис.
Минатата година Adriatic Slovenica имаше премија од 292,13 милиони евра, додека нето добивката опадна на 10,7 милиони евра.