Фото: Digitsole
Digitsole се патики што се конектираат преку Bluetooth со секој паметен телефон.
Овие паметни патики автоматски се затегаат, автоматски го загреваат стапалото во зима, пресметуваат согорени калории, поминатo растојание…
Digitsole доаѓаат со 3 различни влошки, секоја со различна намена. Има влошки за оние кои преферираат велосипед, за оние кои се занимаваат со трчање и влошка за затоплување на стапалото.
Исто така заедно со патиките, во посебна мобилна апликација, корисникот добива и личен тренер, како и совети за подобро вежбање.
Digitsole се дело на старт-ап со седиште во Лос Анџелес, Калифорнија и имаат успешно завршена кампања на платформата Kickstarter и на платформата IndieGoGo.