Србија: Цементарниците годишно преработуваат 60.000 тони отпад

41

Фото: Pixabay

Произведувачите на цемент во Србија процесираат околу 60.000 тони отпад годишно и го користат како извор на енергија, пишува српски Blic.

Исто така на годишно ниво се преработуваат околу 320.000 тони отпад како замена за природните суровини.

Цементарниците во Србија, исто како во развиените земји од ЕУ, се подготвени своите расположливи капацитети да ги употребат за третман на значајни количини и различни видови на отпад и тоа на сигурен, безбеден и контролиран начин којшто ќе нема последици по животната средина.

Сепак, како што наведува порталот, отпадот е пред се комунално здравствен проблем, па дури потоа ресурс, но цементарниците во Србија можат да дадат голем придонес во негово решавање.