Фото: Pixabay
Една од водечките кинески платформи за онлајн достава на храна, Ele.me, доби одбрување од властите да започне со испорака на храна со беспилотни летала, односно дронови, пишува The Drive.
Овие нови 17 воздушни линии се наоѓаат во индустриската зона на Шангај и на потрошувачите ќе им обезбедат поефикасни и побрзи начини на испорака, а воедно компанијата ќе ги намали своите оперативни трошоци. Од Ele.me тврдат дека нарачките ќе пристигаат на бараната адреса во рок од 20 минути од потврдувањето на истата, а со новиот начин на достава поефикасно ќе снабдуваат повеќе од 100 трговци со храна во оваа област.
Овој нов авторизиран начин ќе функциоира помеѓу две фиксни локации во 17 различни правци, но сепак ќе вклучува и луѓе кои ќе бидат задолжени да ја оставаат храната во најблискиот беспилотен центар, како и оние кои ќе требада ја подигнат од дронот и да ја достават до крајната дестинација.
Според компанијата, новиот начин на транспорт ќе придонесе за намалување на трошоците и згадувањето на околината, а исто така очекуваат и петкратно зголемување на сопствените приходи. Придобивките се очекуваат и на полето на зголемување на локалниот економски раст.
Испораката на храна со дрон нема дополнително да се наплаќа, а дроновите ќе може да пренесуваат оброк со тежина до 6 килограми и со брзина од 20 км/ч.