Француска ургентна соба ќе намалува болка со виртуелна реалност

126

Тројца дипломци во Франција креираа специјална техника кадешто со помош на виртуална реалност на пациентите им се овозможува да се релаксираат, и без медикаменти да им се зголеми толеранцијата на болки. Овој метод е впрочем класично одвлекување на вниманието, со што на пациентот му се дава опција  да оди на тури, или во интерактивен режим да свири или да слика, сè со цел да се намали вознимереноста и стравот од престојната интеревнција.

Методот функционира на тој начин што на пациентите им се даваат очила со виртуална реалност и додека “влегуваат“ во три димензионален свет на јапонски зен градини или снежни планини, стануваат потолерантни на помали но болни процедури како што е зашивање на посекотини, третирање на изгореници, поставување на уринален катетер или местење на дислоцирано рамо.

За оваа идеја, стартап-от Healthy Mind доби 20.000 долари награда од Универзитет во Аделаида, Австралија, со кои средства проектот ќе биде презентиран во главното седиште на Microsoft во Сиетл.

Фото: Healthy Mind