Brodosplit ќе гради експедициски брод од 110 милиони долари

117

Хрватското бродоградилиште Brodosplit ќе прави брод вреден 110 милиони евра, наменет за крстарење во поларните подрачја, пишува SeeBiz. Бродот ќе биде во класата Polar Class 6, а според желбите на нарачателот, Quark Expeditions од Сиетл, САД, ќе биде и најголемиот крузер што бил изграден некогаш во таа класа.

Станува збор за најлуксузниот патнички брод за крстарење во поларните подрачја, којшто ќе може да угости 200 патника, сместени во 103 луксузно опремени кабини, за кои ќе се грижат 116 членови на екипажот.  Бродот ќе биде долг 128 метри, а широк 21,5 метри, и ќе поседува четири главни мотори со генератор кои ќе бидат комбинација од дизел и електромотор со вкупна сила од 4.400 киловати. Помеѓу другото, бродот ќе има и два хелихоптера на располагање, сè со цел да им се обезбеди на патниците сигурен и пријатен престој на крузерот.

Quark Expeditions е лидер во поларните експедиции уште од своето основање во 1991 година. Нивните бродови поседуваат посебно моќни трупови и ледокршачи, со што можат да стигнат и во некои од најодалечените места на светот.

Brodosplit е светски признато бродоградилиште со 95 годишна традиција, и преку 450 изградени пловни објекти. Во изградбата на најлуксузниот светски крузер за поларни експедиции, Brodosplit ќе инкорпорира дури 75% удел на домашни компоненти.

Фото: Pixabay