Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај 2018 година бележи месечно намалување од 0,04 п.п. и изнесува 5,61%, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од претходниот месец и изнесува 1,46%., стои во соопштението на НБРМ
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити во мај оствари минимален месечен пад од 0,01 п.п. и се сведе на 4,93%, додека просечната каматна стапка на новопримените депозити се зголеми за 0,33 п.п. и изнесува 1,43%.
Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка забележа намалување од 0,59 п.п.
Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор во текот на мај, споредено на месечна основа, се зголеми за 0,08 п.п. и изнесува 4,59%. Нагорната месечна промена се должи на зголемувањето на каматната стапка на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,26 п.п.), во услови на пад на каматните стапки на кредитите во странска валута и денарските кредити со валутна клаузула (за 0,33 п.п. и 0,31 п.п., соодветно). Во споредба со мај 2017 година, оваа каматна стапка е намалена за 0,80 п.п.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор во мај бележи месечно намалување од 0,02 п.п. и изнесува 1,69%. Притоа, падот на месечна основа произлегува од намалувањето на каматните стапки на денарските депозити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,03 п.п., соодветно), при раст на каматната стапка на депозитите во странска валута (за 0,02 п.п.). Каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор, во споредба со истиот месец од минатата година е пониска за 0,33 п.п.
По намалувањето на просечната каматна стапка на новопримените депозити на корпоративниот сектор во април, во мај 2018 година таа се зголеми за 0,71 п.п. и изнесува 1,39%. Зголемувањето е резултат на сите компоненти во рамки на оваа категорија: каматните стапки на денарските депозити со и без валутна клаузула, како и на каматната стапка на девизните депозити (за 0,88 п.п., 0,52 п.п. и 0,31 п.п., соодветно).
Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е повисока за 0,25 п.п.
Во споредба со минатиот месец, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата во мај е намалена за 0,04 п.п. и изнесува 6,29%. Надолната месечна промена кај оваа категорија се должи на намалувањето кај сите нејзини компоненти: каматната стапка на денарските кредити без валутна клаузула (за
0,07 п.п.), како и каматните стапки на денарските кредити со валутна клаузула и девизните кредити (за 0,03 п.п. и 0.01 п.п., соодветно). На годишна основа оваа каматна стапка бележи пад од 0,24 п.п.
Просечната каматна стапка на новоодобрените кредити на домаќинствата во мај изнесува 5,57%, при евидентирано месечно намалување од 0,02 п.п. Притоа, падот кај оваа категорија произлегува од намалувањето на каматните стапки на девизните кредити и денарските кредити со валутна клаузула (за 0,15 п.п. и 0,09 п.п., соодветно), додека каматната стапка на денарските кредити без валутна клаузула остана иста. Кај оваа каматна стапка е забележано намалување од 0,20 п.п. на годишна основа.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити од домаќинствата во мај, како и во април се задржа на нивото од 1,43%. Каматната стапка на вкупните депозити на домаќинствата е пониска за 0,09 п.п., во споредба со истиот месец од минатата година. Во мај, просечната каматна стапка на новопримените депозити од домаќинствата изнесува 1,48%, што претставува месечно зголемување од 0,02 п.п.
Споредено на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,13 п.п.