Првата комерцијална 5G мрежа пуштена во Финска

50

Фото: Facebook

Финскиот оператор Elisa соопшти дека е пуштена во употреба првата 5G мрежа на подрачјето на градовите Тампере и Талин, пишува TechRadar.

Од компанијата соопштуваат дека веќе се достапни и првите пакети за услугите коишто нудат максимална брзина на пренос на потадоци од 600 Mb/s. Очекувано, пакетите се со скапи тарифи, и се движат околу 50 евра месечно, но акцентот на компанијата е ставен на можноста за неограничен пренос на податоци.

Оваа мрежа засега е достапна на ограничено подрачје на финскиот град Тампере и естонскиот главен град Талин, а впрочем и првиот повик остварен на 5G мрежата е помеѓу финскиот министер за сообраќај и телекоминикации и неговиот естонски колега.

Веќе е познато дека првите смартфони, рутери и таблети коишто ја поддржуваат 5G услугата ќе излезат на пазарот следната година.

Инаку, Финска е меѓу глобалните лидери во развојот и употребата на мобилните податоци.