НБРМ ја одбележува годишнината од монетарното осамостојување

45

9CA959E7ECDDC14792CE2498F4FB44B5Со конференција на тема Поставеноста на политиките и глобалното опкружување: нов консензус од кризата? Народната банка (НБРМ) ќе ја одбележи годишнината од монетарното осамостојување на Република Македонија.

Како што истакнуваат од НБРМ, оваа конференција има за цел да ги поврзе истражувачите од академските институции и институциите кои изготвуваат политики, да понуди дискусија заснована врз истражувања и совети кои ќе бидат релевантни за централните банкари и другите носители на политиките во регионот.

Конференцијата ќе биде организирана во три сесии кои покриваат важни теми за централните банки, академските или истражувачките институции.

Исто така ќе биде доделена и редовната Годишна награда на Народната банка за најдобар труд во областа на макроекономијата од млад истражувач.