Половина од вработените во Романија земаат минимална плата

На околу 46% од вработените во Романија им се исплаќа минималната плата, додека оние кои заработуваат повеќе од 700 евра бруто, претставуваат само 16% од вкупниот број вработени, се вели во студијата на Унијата на локалните инвеститори, PIAROM, а пренесува Romania Insider.

Минималната бруто плата во Романија, моментално изнесува 408 евра.

Според студијата, пазарот на трудот во државата се соочува со поларизацијата на работната сила во областа на минималната плата и тоа е загрижувачки тренд, исто како и намалувањето на учеството на специјализираниот персонал.

Овој тренд е изразен особено кај вработените под 30 години, каде што учеството на неквалификуваните работници е двојно поголем во споредба со оној на специјализиран персонал.

Новите генерации вработени имаат пониско ниво на квалификации од оние претходните, а некои индустрии дури имаат потешкотии да најдат квалификуван работник за некои работни места. Ова е резултат на фактот дека техничкото и стручното образование не се прилагодени на барањата на пазарот на трудот.

Инаку, најголем број вработени во Романија има преработувачката индустрија, околу 1,23 милиони, а потоа следуваат секторот трговија со речиси 890.000 вработени, транспорт и логистика со 381.000 и градежништво со 366.000 вработени.

Фото: Pixabay