Лондонско кафуле служи кафе за носење во филџани донесени од дома

220

Една лондонска кафетерија има оригинална идеја како го намали користењето на чашите за еднократна употреба. Имено, како што пренесува Inhabitat, La Tour Cycle Café на своите клиенти им служи кафе во керамички филџани коишто клиентите може да си ги донесат дома или да однесат свои филџани таму.

Според извештајот на британскиот Долен дом, дури 2,5 милијарди чаши за кафе за носење се употребуваат годишно во Велика Британија, што значи дека тоа е повеќе од 6,8 милиони чаши дневно. Со цел да се намали отпадот, La Tour Cycle Café почна да ги служи и другите пијалоци за носење во чаши за повеќекратна употреба.

Иако понекогаш клиентите одбираат да ги понесат чашите со себе, сепак снабдувањето со нови не е проблем за кафетеријата. Имено секој ден тие поставуваат посебна корпа каде што посетителите може да ги вратат чашите, а многумина од нив дури се одлучуваат и да донираат дел од вишокот на својата “домашна палета“ како би го исчистиле домот, а и би придонеле за потребите на кафулето со своите неискористени чаши.

Уникатната програма на сопственичката на лондонското кафуле им овозможува на луѓето да го намалат количеството на отпадот наменет за депонии, додека уживаат во нивните омилени пијалоци.  Креативната сопственичка и претходно во 2018 работела на еден оригинален проект трансформирајќи стара напуштена зграда во објект за својот бизнис, којшто би имал подобар пристап за инвалидски колички и можност за јавни уметнички приказни.

Фото: Pixabay