ЕЛЕМ продаде вишоци енергија и инкасираше над 2 милиони евра

44

АД ЕЛЕМ на почетокот на месецов продаде 35.400MWh електрична енергија, кои беа вишoци и за истите инаксираше 2.079.000 евра. Како што стои во соопштението од АД ЕЛЕМ, просечната цена која била постигната е 58,73 eвра за MWh.

Инаку, продажбата била поделена на два лота, кадешто во првиот се продавала електрична енергија за август и со постигната цена од 65 eвра за MWh, додека, пак, во вториот лот била електричната енергија за септември со постигната цена од 54,85 eвра за MWh .

Ова е четврта аукција за продажба на електрична енергија од почетокот на годинава и досега ЕЛЕМ има продадено вкупно 205.560 MWh и остварен приход од 10.799.558 евра.