Хрватски Ledo со приходи над очекуваното

110

Фото: Ledo

Најголемиот хрватски производител на сладолед и дистрибутер на замрзната храна, Ledo, оствари раст на продажбата во првите пет месеци што е над првичните проекции и очекувања, се вели во соопштението од компанијата, а пренесува SeeBiz.

Вкупниот приход на компанијата изнесува 54 милиони евра и е речиси 5 милиони евра над планираното. Бројките покажуваат дека и приходите пред оданочување, камати, амортизција, односно познатиот EBITDA пораснале за 14,8%.

Ledo изминатиов период започна маркетинг кампања со продажни активности, па оттука и не изненадуваат бројките за остварените приходи, особено кај најпрофитабилната категорија – сладоледот. Мајската интензивна маркетиншка комуникација впрочем започна во октомври, велат од компанијата.

Исто така Ledo во категоријата на смрзната храна, лансираше и нова линија на производи Smoothie mix, што дополнително придонесе за остварување на одлични бројки.