Самсунг нуди попуст за поправка на телефони по истекот на нивната гаранција

51

Компанијата Самсунг Електроникс (Samsung Electronics Co., Ltd.) најави дека корисниците во Македонија ќе можат да го заменат екранот на своите премиум уреди по поволна цена, доколку им е потребна поправка по истекот на гаранцијата или поправка која не е опфатена со истата. Целта на оваа промоција е да им се овозможи на корисниците решавање на најчестиот проблем и да им се помогне при поправката на нивниот телефон, со попуст од 1.230 до 1.845 денари. Поконкретно, промоцијата опфаќа субвенционирана поправка на физичко оштетување на екранот во рамки на гарантниот рок од 2 години, како и каков било вид на поправка на екранот по истекувањето на гаранцијата.

“Безбедноста, задоволството и грижата за корисниците отсекогаш се приоритети на компанијата Самсунг. Континуирано се грижиме за потребите на нашите корисници и им овозможуваме квалитетни услуги. Неовластените поправки на нашите телефони, наместо да го решат, може да го зголемат проблемот, па дури и да придонесат за појава на нов проблем, негативно влијаејќи врз корисничкото искуство и задоволство. Сакаме нашите корисници да бидат сигурни и да можат да се потпрат на нашата поддршка, дури и во случаи кога случајно го оштетиле својот телефон. На овој начин се стремиме да им ја овозможиме најдобрата поддршка на корисниците, правејќи да се чувствуваат безбедно, затоа што ќе знаат дека со сигурност ќе добијат наши овластени сервиси и делови, и дека нивните уреди ќе функционираат како нови.“ – изјави г. Мин Хо Бае (Min Ho Bae), Раководител на Служба за корисници на компанијата Самсунг за регионот Адриатик.

Специјалната цена за поправки на телефони чија гаранција е истечена е важечка за Галакси С7 еџ (Galaxy S7 edge), Галакси С8 и Галакси С8+ (Galaxy S8 / S8+), Галакси Ноут8 (Galaxy Note8), и Галакси С9 и Галакси С9+ (Galaxy S9 / S9+) уредите. Услугата и попустот за истата за наведените уреди ќе бидат овозможени кај 12 регионални овластени сервисни партнери на компанијата Самсунг. Во Македонија, услугата ќе биде достапна од 1 јули до 31 декември 2018 година, во сервисните партнери АСЦ Мобико и АСЦ Видеодата.

За повеќе информации можете да ја посетите веб-страницата: EkranVonGarancija_mk или да го контактирате Центарот за поддршка на корисници со јавување на телефонскиот број 02 3 207 777.