Романска болница купи хируршки робот вреден три милиони евра

73

Фото: Facebook

Најголемата кардиоваскуларна хируршка болница во Романија, Monza, инвестираше 3 милиони евра во новиот хирушки робот da Vinci Xi, пишува Romania Insider.

И во 2017 година, болницата плати 2 милиони евра за уште еден робот за којшто праксата покажа дека се користел во просек кај 5 операции месечно, соопштуваат од компанијата.

Хируршкиот систем da Vinci Xi ја има најновата технологија за компјутерска асистирана хирургија. Неговата употреба е минимална во рамките на инвазивните хируршки интервенции, а придонесува за намалување на времето на рехабилитација, како постоперативните ризици и болки за пациентите.

Болницата Monza е дел од групацијата Monza Group Romania, којашто, исто така, работи и со мрежа на локални медицински клиники заедно со локалните партнери. Инаку, Monza Group Romania, пак, е дел од италијанската групација Policlinico di Monza.