Фото: Pixabay
Една петина од странските компании во Црна Гора се во сопственост на руски државјани, а сè повеќе инвеститори има и од Украина и Турција, покажуваат податоците на црногорскиот Завод за статистика, а пренесува BiznisInfo.
Бројот и структурата на правните субјекти кои се во сопствеништво на странци во Црна Гора во минатата година покажува дека освен Руси, најголем број фирми имаат сопственици со потекло од Србија и Босна и Херцеговина.
Правни субјекти чии сопственици се Руси, најмногу има во приморските градови како Бар, Будва, Херцег Нови, Котор и Тиват, меѓутоа исто така во соопштението од црногорскиот Завод се наведува и тоа дека нивниот број во споредба со 2014 година е значително опаднат.
Најмногу странски фирми има во Подгорица, 35%, па следи Будва (20,7%), Бар (13,6%) и Херцег Нови со 9,2%.
Исто така, во соопштението се вели дека секоја година во континуитет расте бројот на сопственци на фирми со потекло од Украина.
Статистичките анализи покажуваат дека расте и бројот на компании што се во сопственост на физички и правни лица од Турција, па така минатата година нивното учество изнесувало 8,7%.