Еве кои земји најмногу извезувале автомобили во 2017 година

49

Минатата година глобалниот извоз на автомобили достигнал вредност од 740 милијарди долари. Со тоа автомобилите станаа производ број еден на светската извозна листа, надминувајќи ја нафтата, откако цените на горивата паднаа, пишува World’s Top Exports.

Според податоците на порталот, минатогодишната вредност на извозот на автомобили пораснал за 5,6% во однос на реализираните 700,7 милијарди долари во 2016 година.

Погледнато по континенти, најмногу автомобили се извезени од Еврпа, 54,8% во вредност од 405,4 милијарди долари, а потоа следува Азија со 23,6% и Северна Америка која реализирала 19,1% од глобалниот извоз на автомобили.

Африканските земји и Јужна Америка (без Максико) извезле по 1,2% од вкупниот извоз, додека Океанија само 0,1%.

Од државите најголем извозник е Германија која опфаќа дури 21% од светскиот извоз на автомобили, а потоа следат Јапонија и САД.

Еве како изгледа листата на топ 10-те земји извозници на автомобили за 2017 година:

  1. Германија 157,4 милијарди долари (21,3% од глобалниот извоз)
  2. Јапонија 93,4 милијарди долари (12,6%)
  3. САД 53,6 милијарди долари (7,2%)
  4. Канада 46,4 милијарди долари (6,3%)
  5. Велика Британија 41,9 милијарди долари (5,7%)
  6. Мексико 41,7 милијарди долари (5,6%)
  7. Јужна Кореја 38,8 милијарди долари (5,2%)
  8. Шпанија 35,8 милијарди долари (4,8%)
  9. Белгија 33,1 милијарди долари (4,5%)
  10. Франција 22,1 милијарди долари (3%)

Фото: Pixabay