Хотел од Црна Гора им додели бонус на вработените од 400.000 евра

45

Сопствениците на хотелот Maestral Resort & Casino пријатно ги изненадија своите вработени на крајот на сезоната доделувајќи им бонус од 400.000 евра.

Одборот на директори едногласно ја одобри одлуката на акционерите, на вработените да им се даде бонус заедно со платата за август, пишува Bankar.me.

Како што велат од таму, со овој гест тие сакале да им ја покажат својата благодарност на работниците кои многу придонеле за одличните резултати во работата на туристичкиот објект.

Во јули годинава овој хотел лоциран во Свети Стефан, Будва наврши една година од своето постоење како резорт, а моментално ја носи и титулата најдобар во Црна Гора.