Шведската компанија Coop креираше парфем којшто мириса на расипано млеко, со цел да ја разбуди свеста кај купувачите да не фрлаат храна толку лесно, пишува Inhabitat. Последните проценки говорат дека во светски рамки најмногу се фрлаат токму млечните производи, чајот и кафето.
Затоа, од Coop потенцираат дека луѓето треба повеќе да се потпрат на осетот за вкус и мирис пред да одлучат да фрлат нешто. Како решение за овој проблем, популарниот шведски ланец за намирници, го создаде Old Milk којшто го доловува вистинскиот мирис на млеко коешто веќе не е за употреба.
Уште една цел на овој парфем е да ги научи купувачите да не ја фрлаат храната водени само од датумот на пакувањето. Од Coop се надеваат дека овој нивен производ ќе придонесе за што помалку фрлање на намирници и ќе ги едуцира луѓето да разликуваат вистински неупотреблива храна.
Компанијата веќе има освоено неколку награди за својот придонес за одржливост во Шведска. Годинава Coop беа прогласени за “Најзелена компанија“ во земјата.
Фото: Coop