Старт-ап од Мостар победник на интернационален натпревар во Турција

79

Стартапот blablaDev, од Мостар, Сараево, е победник на Интернационалниот старт-ап самит во Турција, пишува Biznis Info.ba

Станува збор за веб сервис за млади и помалку искусни програмери и за сите оние на кои што им треба оваа професија.

На натпреварот како преставник од blablaDev беше маркетинг менаџерката Николина Жељко, а освоената награда вклучува бесплатно отворање на фирма во Турција, една година бесплатна канцеларија во Истанбул и бонус од 1.000 евра месечно.

На самитот учествуваа повеќе од 200 стартапи, 100 инвеститори и 150 корпорации. Истиот беше одржан во рамки на тамошниот Технофест, од 20 до 23 септември.

Старт-ап натпреварот беше поделен во 5 категории. Секој претставник имаше пет минути на англиски јазик да го престави својот старт-ап на жирито и инвеститорите. Критериуми за оценување беа идејата, технолошката иновација, примена на пазарот и влијание на секторот.

На третиот ден од настанот, по предавањата и панел дискусиите, беа прогласени победниците во сите сектори. Мостарскиот blablaDev беше победник во категоријата образовни технологии.