Сеавус CodeTalks во Скопје

35

Утре, четврток, 4 октомври, ќе се оддржи Сеавус CodeTalks. Ова ќе биде петто издание на CodeTalks во Скопје.

Настанот, чијшто влез е слободен, ќе се оддржи во просториите на Јавна соба – Центар за дизајн и иновации,со почеток во 18 часот.

Овојпат на CodeTalks, своето искуство ќе го споделат Милица Панзова, сениор девелопер во Сеавус, како и Даниела Богатиноска, сениор тестинг инженер во Сеавус. Милица ќе зборува на темата Introducing Microsoft Orleans.

“Orleans е framework  кој обезбедува директен пристап во градењето на дистрибуирани компјутерски апликации, без потреба да се учат и да се применуваат комплексни патерни за конкурентност или скалирање. Тој е производ на Microsoft Research и дизајниран е за употреба во Cloud. Orleans е широко користен во Microsoft Azure“, вели Милица.

Вториот експерт, Даниела Богатинска, ќе зборува на тема: The Man with the Punch: Evolution starter kit for Software Testing- Philosophy of testing.

“Во оваа презентација ќе се зборува за повеќе теми. Една од нив е филозофијата на тестирање и различниот начин на размислување на тестерот и на програмерот. Се опишува како степенот на независно тестирање влијае за избегнување на авторската пристрасност, задачата на тестерот во тимот, како и техники за подобрување на тимската работа. Но, најважно од се е да се нагласи дека тестирањето како активност не е деструктивна и претставува онолку конструктивна активност колку што е и развојот на софтвер“, изјави Данијела.

Пo завршување на презентациите ќе следи панел дискусија со презентерите.

Присуството на настанот може да го пријавите на овој линк.