IКЕА Хрватска трета во Европа според растот на продажбата

95

Во текот на четвртата година од работењето, IКЕА Хрватска постигна рекордни резултати.  Компанијата оствари раст на прометот од 14,9%, додека прометот од онлајн трговијата е зголемен за 204% во однос на истиот период минатата година.

Вкупно остварениот промет за минатата деловна година изнесува повеќе од 680 милиони куни, или околу 90 милиони евра, пишува Poslovni.hr

Во текот на изминатата година беа продадени речиси 13 милиони производи, од кои 61,6% беа мебел, а 38,4 украси и додатоци за домот.

Колекцијата мебел MALM, односно перниците и навлаките за перници DVALA, како и прекривките и останатата постелнина беа најпродавани предмети. Во продавницата во Загреб, белата боја е и понатаму најомилена кога станува збор за боја на мебел.

IKEA Загреб ја посетиле 1,8 милиони купувачи a, додека интернет страницата на IKEA.hr имала 13,8 милиони посети. Преку интернет биле направени 43.397 нарачки, од кои повеќе од 40% биле доставени преку центрите за испорака во Риека и Сплит и Осиек, кој работи од јуни 2018 година.