Словенечка Lesnina ја отвора својата прва продавница во Србија

92

Српскиот град Нови Сад следната пролет ќе ја добие првата продавница за мебел од словенечкиот бренд Lesnina XXXL, инвестиција вредна 20 милиони евра, пишува Bizlife.

Одреден број на луѓе веќе посетуваат обуки во продажните центри на компанијата во регионот, а според директорот на Lesnina XXXL продавница за мебел ќе понуди повеќе од 30.000 артикли.

Првиот продажен салон од словенечкиот бренд во Србија ќе се простира на површина од 20.000 метри квадратни, а за почеток ќе вработи 150 луѓе.

Компанијата Lesnina е основана во 1949 година, а моментално остварува промет од над 5 милијарди евра на годишно ниво. Вработува околу 25.000 работници во 280 продавници низ цела Европа.

Во 2010 Lesnina стана дел од австрискиот концерн XXXLutz .

Фото Lesnina